По 14 години чекање, се вратија во Примера дивисион, а навивачите на теренот скокаа од среќа (Видео)

На две кола до крајот во шпанската втора лига, екипата на Расинг Сантандер слави. По победата на домашен терен против Валјадолид со убедливи 4:1, јасно е дека Расинг Сантандер обезбеди место за влез во Примера дивисион за следната сезона.

На две кола до крајот, Сантандер има 78 бодови, дури седум повеќе од второпласираната Депортиво Ла Кориња и третата Алмерија. Ла Коруња има еден меч плус за играње, што значи имаат адут да бидат втори на крајот и да обезбедат директно место во Примера дивисион.

Цели 14 години Сантандер беше надвор од елитното друштво, а сега конечно се враќа во Примера дивисион, што беше причина за големо славје кај нивните навивачи.

- Оглас -

Најнови вести