Томас Милер беше еден од ретките фудбалери кои целата кариера ја имаше поминато во еден клуб. Така беше до денеска, кога ветеранот на 35 години дебитира за тимот на Ванкувер во МЛС-шампионатот. По цели 25 години поминати во Баерн Минхен и поминати сите младински школи, Милер летово реши да си замине, и тоа во тимот од Канада.
Ванкувер на домашен терен играше против Хјустон Динамо, а на крајот резултатот беше 1:1. Ванкувер водеше со 1:0, а Милер во игра влезе во 61-вата минута. Само две минути откако влезе на теренот, Милер даде супер гол со шут од околу 20 метри, но, за жал на домашните навивачи, радоста траеше кратко бидејќи судијата забележа дека еден од домашите играчи бил во офсајд во зачетокот на акцијата.
Thomas Müller disallowed goal vs Houston Dynamo
byu/ShermockCones inwhitecapsfc
„Кога постигнав гол, беше неверојатно, атмосферата на трибините беше прекрасна, реакцијата на моите соиграчи. Сепак, на крајот резултатот е по малку разочарувачки за нас“, рече Милер.
Ванкувер водеше се до 90+1 минута, кога Хјустон Динамо израмни на 1:1.
Welcome to MLS, Thomas Müller. 👋🇩🇪 pic.twitter.com/sgoBgPoYc7
— Major League Soccer (@MLS) August 18, 2025