По еден меч од Топ 5 лигите, најпримамливо е да се игра на голови

1007 Астон вила – Арсенал (18:30 ч.)

Двата тима тргнаа победнички во новата сезона што е само потврда дека двата тима се во форма. Во претходната сезона, Астон вила два пати го победуваше Арсенал, а интересно е дека на последните 18 средби на овие два тима немало нерешен резулат (12 победи на Арсенал и шест триумфи за Астон вила). Последен пат без победник било во ноември 2012 година кога мечот завршил 0:0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

1703 Сент Етјен – Ле Авр (21 ч.)

Сент Етјен е еден од најтрофејните француски клубови, но минатата сезона играше во втора лига, а сега се врати во елитното друштво. Сепак, да сакаа немаше да најдат подобар ривал за да почнат на домашен терен сезонава, затоа што за ривал го имаат ЛА Авр, екипа која минатата сезона едвај се спаси од испаѓање. Домаќинот е во улога на фаворит, тоа треба да го докаже на теренот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.18)

 

3002 Удинезе – Лацио (18:30 ч.)

Екипи кои имаат големо минато барем кога се работи за меѓусебните дуели, а традицијата јасно покажува дека не треба да се очекуваат многу погодоци. На пет од последните 10 средби на овие два тима немало повеќе од еден погодок.

Во минатата сезона Удинезе беше апсолутен рекордер не само во Серија А туку и во Топ 5 лигите по бројот на нерешени мечеви (дури 19 реми во 38 кола), а во ист стил започна и сега па во првиот меч одигра 1:1.

Предлог тип: Х2&1-3 (2.02)

 

1809 Борусија Д. – Ајнтрахт Ф. (18:30 ч.)

Во изминативе неколку години, многуте голови се главно обележје на Бундеслигата. Така беше и синоќа во првиот меч од новата сезона, кога Баер Леверкузен со 3:2 ја победи Борусија Менхенгладбах.

Така е и традицијата кога играат Борусија и Ајнтрахт, па во последните 17 дуели, дури 13 пати било гол-гол, а дури 16 меча завршиле со барем три голови, а на 11 средби имало и по 4+ погодоци.

 Предлог тип: 4+ (2.14)

 

1306 Хетафе – Рајо Валјекано (21:30 ч.)

Ова е дуел на две екипи кои негуваат дефанзивен фудбал и веќе неколку години наназад најчесто гледаат да не примат гол, а потоа ако се укаже шанса и да погодат. Дека не се изненадувања резултатите со не повеќе од два гола покажува и традицијата која вели дека шест од последните седум меча биле со не повеќе од два гола, а дури четири пати резултатот бил 0:0.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.73)

 

- Оглас -

Најнови вести