1006 – Њукасл – Брентфорд (18:00)
Екипата на Њукасл немаше старт според посакуваното во Премиер лигата оваа сезона. Остварија само една победа, но дуелот против Брентфорд е одлична шанса за втора победа оваа сезона. За противник имаат екипа која им “лежи“ и против која имаат три победи во серија. На последните четири натпревари помеѓу овие две екипи на “Ст. Џејмс парк“ секогаш било ефикасно. Њукасл двапати победувал по 5-1, а еднаш со 3-1, додека еден меч завршил без победник, 3-3.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.35)
1305 – Барселона – Бетис (21:00)
Барселона има три победи во серија на стартот од шпанската Ла Лига, откако на стартот одигра без голови, 0-0, против Хетафе. “Каталонците“ се во одлична форма и вечерва имаат нова шанса да ја забележат и четвртата победа во серија. Минатата сезона Барселона двапати го победи Бетис во првенството, дома со 4-0, додека на гости со 1-2.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.23)
3003 – Џенова – Наполи (20:45)
Екипата на Наполи шанса за поправен за поразот од Лацио на домашен терен во минатото коло ќе има вечерва против Џенова. Шампионот на Италија после двете победи на стартот, доживеа пораз, но домашните имаат само една победа на трите натпревари кои ги одиграа сезонава. Наполи минатата сезона двапати ја победи Џенова со 3-0 на домашен терен и со 1-2 на гости.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.24)
1803 – Фрајбург – Борусија Д. (15:30)
Екипите на Фрајбург и Борусија Дортмунд на последните пет меѓусебни натпревар, петпати одиграа “гол-гол“, но и со најмалку три голови. “Милионерите“ се во малата фаворитска предност, со оглед на подобрата форма од противникот, но и двете победи кои ги забележаа над Фрајбург минатата сезона од 5-1 дома и 1-3 на гостински терен.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.10)
1702 – Рен – Лил (17:00)
Натпреварите помеѓу Рен и Лил секогаш се неизвесни, но и ефикасни. На пет од последните 10 меча биле постигнувани по најмалку три голови, а дури осум завршувале со голови во двете мрежи. Во последните осум меѓусебни полувремиња имало погодок, односно во секое полувреме на последните четири натпревари.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)