По историскиот пораз, со реакција се огласи и Горан Пандев

По дебаклот на македонската фудбалска репрезентација во Манчестер и историскиот пораз со 0:7, преку социјалните мрежи со своја рекација се јави и Горан Пандев. Легендарниот капитен и стрелец на првиот гол за Македонија на едно Европско првенство пушти „стори“ на „Инстаграм“, во кое му реплицира на познатиот музичар Ди Џеј Панчо.

Во објавата Пандев реплицира со зборовите: „Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Ди Џеј Панчо, нека ни е на чест на сите“, реплицира музичарот, а на фотографијата е претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, селекторот Благоја Милевски и нивните соработници.

 

- Оглас -

Најнови вести