По карамболот, Линделеф ќе го боли носот, но ремито во Мадрид ќе му ја ублажи болката (Видео)

Виктор Линделеф се најде во чудна ситуација во можеби и клучниот момент на мечот во Мадрид меѓу Атлетико и Манчестер јунајтед.

Во последните моменти од првото полувреме, при резултат 1:0 за Атлетико, Маркос Љоренте промаши чист зицер и со удар со глава од близина и на празна мрежа успеа да го погоди в нос Линделеф, а потоа топката се одби од пречката во поле.

Со гол Атлетико ќе имаше голема предност од 2:0 и веројатно ќе победеше, а казната ја испорача Ентони Еланга со гол во 80-тата минута за конечно реми, 1:1, во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Манчестер имаше среќа и во финишот на мечот, кога и Гриезман ја погоди пречката, па резултатот остана 1:1.

Реваншот ќе се игра на „Олд Трафорд“ во Манчестер на 15 март.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести