7.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

По киксот на Баерн, Вардар остана еден од само осум тима во Европа без лигашки пораз

Поразот на Баерн Минхен против Аугсбург викендов, остави само уште осум клуба на листата на непоразени во Европа оваа сезона во домашните лиги. Еден од тие осум тима е и скопски Вардар.

Освен Вардар, лигашки пораз во сезоната 2025/2026 немаат ни Порто, Бенфика, Славија Прага, Тре Фиори, Фенербахче, Ла Фјорита и КИ Клаксвик на кого одамна му заврши сезоната на Фарски острови, во која до титулата дојде без пораз во 27 меча.

Од друга страна, има македонски прволигаш и на списокот од пет европски тима кои уште немаат победа сезонава. Тоа е Шкупи, кој во пролетниот дел од сезоната ќе се обиде да избегне срам и без победа да ја заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Освен Шкупи, за победа не знаат ни АФС од Португалија, Паралимни од Кипар, Арарат од Ерменија и Есперанса од Андора.

- Оглас -

Најнови вести