По којзнае кој пат: Ѓоковиќ освојува сет во кој неговиот противник имаше сет-топка!

Против Новак Ѓоковиќ е најтешко да се освои сет или меч-поен, тоа го знае и Стефанос Циципас, кој и денеска се увери во истото.

Ѓоковиќ го доби првиот сет на Австралијан опен, а во вториот битката беше рамноправна и тај-брејк решаваше дали да биде 2-0 или 1-1.

Но, претходно, Циципас имаше сет-поен, додуша на сервис на Ѓоковиќ и не ја искористи. Кога веќе ја преживеа таа кризна ситуација, Новак го казни противникот и сега е на еден сет од 10-та титула во Мелбурн, 22-ра на грен-слемите, и враќање на првото место на АТП листата.

За Новак ова е десетто финале на Австралијан опен, и најверојатно ќе ја освои десеттата титула.

- Оглас -

Најнови вести