11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

По „лудиот“ меч во Њукасл, Арне Слот вели: Не сум сигурен дали тоа беше фудбалски меч

Две победи од првите два меча има Ливерпул во новата сезона во која ќе го брани шампионскиот примат. Ливерпул синоќа со 3:2 славеше на гости кај Њукасл во меч кој беше решен во 100-тата минута.

Ливерпул водеше со 2:0, шампионот имаше и играч повеќе во текот на целото второ полувреме, но Њукасл се врати и стигна до 2:2.

Сепак, во финишот на средбата, односно во 90+10 минута, тинејџерот Рио Нгумоха постигна гол за голема радост на гостите и победа од 3:2. Веднаш по средбата, тренерот на Ливерпул беше збунет, велејќи дека мечот бил таков што воопшто не можело да се спроведе никаква тактика.

„Не сум баш сигурен дали денес гледав фудбалски натпревар. Беше прекин, по прекин. Далечни фрлања. Немаше многу што да се прави со тактиката која ја подготвував пред мечот. Сепак, ми се допадна како одговоривме. Беше многу тешко прво полувреме, о не потклекнавме. Останавме силни и затоа поведовме со 1:0 по првиот дел. Потоа, Њукасл остана со играч помалку, очекувате дека тоа ќе биде голем плус за нас, но немавме игра и затоа беше тешко да го приведеме мечот да нема драма“, рече Слот.

Тренерот на Ливерпул постигна уште еден подвиг. Тој е првиот тренер во Премиер лигата кој може да се пофали дека на 39 од 40-те мечеви на кои го водел тимот во англиското првнство, неговиот тим дава барем по еден гол.

- Оглас -

Најнови вести