Одбојкарите веќе се во Подгорица, девојките ќе „тестираат“ со Косово

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија веќе е во Подгорица, каде што утре и во петок ќе одигра пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски се подготвуваат за настапот во Европската лига, а дуелите против Црногорците ќе бидат единствената проверка во овој подготвителен период.

Миленкоски во Подгорица поведе 16-мина одбојкари, попладнево ќе се тренира во СЦ „Верде“, а во истата сала ќе се одиграат и контролните дуели. Утрешниот натпревар започнува во 17:30 часот.

Паралелно се подготвува и женската одбојкарска репрезентација, под палката на новиот селектор Милош Гавриловиќ. Девојките се подготвуваат во Скопје, а во петок во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одиграат контролен дуел против Косово.

Во сабота ќе има и реванш, но на гостински терен во Скендерај со почеток во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести