По освојување на титулата, Баерн Минхен го „смени“ името

Баерн Минхен по шести пат во клупската историја стигна до европскиот трон откако синоќа минимално со 1:0 го победи Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Со оваа титула Баерн се израмни со Ливерпул на вечната листа, а пред нив се само Реал Мадрид со 13 европски титули и Милан, кој седум пати бил шампион на Европа.

Кинсли Коман го даде единствениот гол за голема радост на Баерн Минхен во Лисабон. По завршување на финалето, на официјалниот твитер-профил на Баерн Минхен се смени името. Наместо името на клубот, беше напишано „Шампион на Европа“.

Сосема заслужено, посебно ако се знае дека Баерн е првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите што стигнал до тронот со сите победи во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести