По оваа објава, Ракитиќ дефинитивно ќе „лета“ од Барса (фото)

Иван Ракитиќ со објавата на „Инстаграм“ ги налути навивачите на Барселона. Тој сподели фотографија од Мундијалот кој се одигра пред две години во Русија, поточно од мечот меѓу Хрватска и Аргентина, во кој Коцкестите славеа со убедливи 3-0.

Фотографијата е дуел меѓу двете ѕвезди на Барселона, Ракитиќ и Меси, а Аргентинецот се наоѓа на подот во момент кога Ракитиќ поминува покрај него. На овој начин Хрватот си ги брои последните денови во редовите на шпанскиот првак, а како што е познато, клубот стави цена од 20 милиони евра за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести