Најтрофејниот клуб во Црна Гора Будуќност претрпе втор пораз во низа во домашното првенство откако со 2:0 загуби и тоа на теренот кај последнопласираниот Бокељ. Ова беше вкупно 11 пораз за Будуќност во 26 меча сезонава и моментално е на петото место на табелата со 35 бодови, дури 17 помалку од лидерот Сутјеска. Сега Будуќност е многу поблиску до зоната за испаѓање, отколку да бара излез во Европа.
На дуелот против Бокељ, навивачите на Будуќност уште на полувремето ги построија фудбалерите, а по поразот од 2:0 им наредија на играчите да ги соблечат и предадат дресовите. На клупата на Будуќност е тренерот Миодраг Гроф Божовиќ кој е петти стратег од јули 2025 година што го предводи најтрофејниот клуб во Црна Гора. Токму Божовиќ ја коментираше ситуацијата со навивачите и застана зад фановите.
„Навивачите и треба да бидат незадоволни. Како да се задоволни со овие резултати? Имаме два дена слободни, а потоа ќе играме на Меморијалниот турнир во Никшиќ. Имаме уште многу да работиме“, рече Божовиќ по поразот на неговиот тим.

