Oклахома утрово покажа зошто имаше историски најдобра сезона во регуларниот дел откако го демолираше Денвер во вториот меч од полуфиналето од плејофот на Западната конференција. Тимот кој во регуларниот дел од сезоната имаше скор од 68 победи и само 14 порази, израмни на 1:1 во победи против Денвер, и тоа на спектакуларен начин, победувајќи со 149:106.
Разликата од 43 поени е една од најголемите во историјата на плејоф-дуелите, а лидерот на Денвер, Никола Јокиќ, беше многу разочаран и брутално искрен.
„Како да не игравме, како да не се појавивме на натпреварот. Многу промашувавме, губевме топки, поминуваа покрај нас како ќе посакаа. Едноставно, беа многу подобри од нас и затоа резултатот е толку лош за нас. Никако не смееме да го заборавиме ова. Треба да извлечеме поука од овој пораз и да бидеме многу подобри во следните натпревари“, рече Јокиќ.
И покрај убедливиот пораз, Денвер има адут затоа што направи еден брејк и со резултат 1:1 во победи сега ќе ги чека мечевите пред своите навивачи.