По поразот во ЛШ, шпанскиот клуб му даде отказ на тренерот со кој освои еден голем трофеј

Поразот на Севилја на домашен терен од Борусија Дортмунд со 1:4 беше знак дека е време за тренерска смена. Хулен Лопетеги, кој од 2019 година беше на чело на екипата, а се радуваше и на титула во Лигата на Европа, сега доби отказ.

Севилја игра очајно и во Лигата на шампионите е само со еден бод, и тоа во меч на кој немаше погодоци, а двапати прими по четири погодоци и сега само теорија останува да се надева дека ќе игра во нокаут-фазата во ЛШ.

Освен во Лигата на шампионите, Севилја е очајна и дома. Во шпанското првенство овој тим има само една победа во седум кола и само со пет бода е на чекор од зоната за испаѓање. За првпат во последните 20 години Севилја на домашен терен претрпе четири порази во низа, што беше доволен знак дека е време Лопетеги да си замине.

https://twitter.com/i/status/1577773215388405761

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести