По репрезентативниот предизвик, следува коло полно со дербија на Спортска прогноза

Колото број 30 е најново на Спортска прогноза, а по репрезентативниот предизвик, неколку дербија ќе бидат тест за учесниците кои го посакуваат главниот подарок „ајфон 11“.

За да се стигне до премијата, пред сè, ќе треба да се погодат дербијата меѓу конкурентите за титулите во Лига 1 и Бундеслигата. Дуелот ПСЖ – Лил во сабота се издвојува како еден од потешките предизвици. Исто така и на гостувањето на шампионот Баерн Минхен кај Лајпциг ќе биде тешко да се предвиди конечниот исход.

Во сабота има и два интересни натпревари од Премиер лигата, тоа се Лестер – Манчестер сити, како и секогаш забавното дерби меѓу Арсенал и Ливерпул.

Од неделната програма, посебно внимание се посветува на градската пресметка меѓу Херта и Унион Берлин, како и шпанската средба меѓу Севилја и Атлетико Мадрид.

Колото ќе се комплетира во понеделник навечер со премиелигашкиот натпревар меѓу Вулверхемптон и Вест хем, а не заборавајте дека и резервните дуели, во овој случај  Менхенгладбах – Фрајбург и Лориент – Брест, влегуваат во Генералниот пласман, каде што по крајот на сезоната за најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи.

Од овој момент 30-тото коло е достапно за учество, затоа вклучете се во бесплатната игра на Sport Life и покажете го своето фудбалско знаење.

- Оглас -

Најнови вести