По страшниот пад сите се плашеа од најлошото, но вестите се добри (Видео)

Повредата на Мануел Скавоне за време на дуелот Лече – Асколи ги шокираше сите оние кои видоа како италијанскиот фудбалер падна на глава и остана беспомошно да лежи на тревата. По еден воздушен дуел, играчот на Лече тешко се повреди, па по неколку минути обид да му се помогне на теренот, мораше да биде пренесен во возилото за Брза помош и однесен во болница.

Повеќето играчи беа во шок од повредата, а судијата реши да го прекине мечот. Сите со нетрпение чекаа какви ќе бидат информациите за здравствената состојба на Скавоне.

Лекарите во болницата цела ноќ ја сределе ситуацијата на Скавоне, а резултатите се изненадувачки одлични. Фудбалерот денеска дури добил дозвола и да ја напушти болницата.

„Имаше хипосистолија, што предизвикало пад на отчукувањата на срцето. Плус се здобил и со потрес на мозокот“, објасни еден од докторите, додавајќи дека Скавоне сепак ќе мора да мирува неколку денови, а потоа ќе може да се врати на тренинг.

На официјалната Инстаграм страница на Лече беше објавена и фотографија од Скавоне кој лежи насмеан во болничкиот кревет.

- Оглас -

Најнови вести