Побара дрес од Нејмар, сега му се заканува отказ (видео)

ПСЖ пред два дена се врати во полн сјај и со 6-1 го потопи Анже во мечот од шестото коло во Лига 1. Нејмар беше двоен стрелец, намести и еден гол, а во текот на мечот се најде во несејдневна ситуација.

Суперѕвездата на ПСЖ за момент застана блиску до клупата на гостите, по што му пријде тренерот Стефан Мулен. Предовникот на Анже наводно му побара дрес на Бразилецот и по средбата го доби, но поради тоа на Мулен му се заканува отказ.

Навивачите на Анже се гневни што нивниот тренер побара дрес бидејќи се работи за противнички играч, па бараат од клубот да го отпуштат Мулен.

- Оглас -

Најнови вести