Ќе „грми“ на стадионите во Лондон, Белград, Истанбул и Милано

1091 Челзи – Лидс (16.00 часот)

Ова е второто полуфинале на ФА купот, се игра на „Вембли“, а победникот на истиот стадион ќе се сретне со Манчестер сити. Сините имаат појак тим на хартија, но тоа ништо не значи, играат катастрофално во Премиер лигата, имаат пет порази по ред, а ако ги додадеме и мечевите од Лигата на шампионите, Челзи има седум порази едноподруго. Единствена светлина во тунелот им е ФА купот, но во ова натпреварување и немаа некој силен противник. Последната победа против премиерлигаш им беше на 4-ти март. Од друга страна, Лидс нема пораз од 3-ти март наваму. Во декември, Лидс дома го победи Челзи со 3-1, а потоа во февруари во Лондон, беше 2-2.

Предлог тип: & ГГ (2.20)

 

3133 Ц. Ѕвезда – Партизан (18.00 часот)

Во белградското дерби, Црвено-белите влегуваат со огромна предност од 14 бодови разлика. До крај има уште пет кола, па со победа или нерешено против Партизан, Ѕвезда ќе ја осигура титулата. Партизан нема пораз од 8-ми март наваму. Црвена ѕвезда го победи Партизан со 3-0 на нивниот последен меѓусебен дуел. Партизан девет години нема лигашка победа на гости кај Ѕвезда и чудо би било ако го прекине малерот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.06)

 

1956 Галатасарај – Фенербахче (19.00 часот)

Ова е дерби кое може да биде клучно во трката за титулата. Ако победи Галатасарај, на три кола до крајот би имал седум бодови предност и веќе во следното коло ќе може да ја прослави титулата. На Галата му одговара и нерешено, би имал четири бода пред лутиот ривал на три кола до крај. Фенербахче мора да победи, но прашање е дали може, а и ако го направат тоа, ќе им се зголемат шансите, но и понатаму би имале бод помалку. Фенер има само еден пораз сезонава, но проблемот е што често играат нерешено (десет пати сезонава). Галатасарај дома три години нема лигашка победа над Фенербахче.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.04)

 

1709 Марсеј – Ница (20.45 часот)

Марсеј е шести на табелата и се бори за место во европските купови. Некогашниот европски првак има три порази во последните четири кола и време му е да се врати на победничкиот пат. Ница е четврта од долу, се бори за опстанок, но има 10 порази на 15 гостувања сезонава и тешко дека може да се надева на триумф на „Велодром“. Традицијата може да се каже дека е на страна на Марсеј, кој во ноември во Ница победи со 5-1, а дома три години не загубиле од овој тим.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.98)

 

3008 Милан – Јувентус (20.45 часот)

Гигантите Милан и Јувентус имаат цел да бидат во топ 4 на табелата и да играат во Лигата на шампионите следната сезона, и имаат добри шанси да успеат во намерата. Јувентус има три победи по ред и 16 бода од можни 18 во последните шест кола. Милан игра попроменливо, има две победи и три порази во последните пет кола. Есеноска во Торино беше 0-0, а немаше гол ни на нивниот последен дуел на „Сан Сиро“ во ноември 2024. Росонерите повеќе од два месеци не играле нерешено.

Предлог тип: 0-1 I & 1-2 II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести