Победи четири пати во последните пет меча, но доби отказ

Хајко Херлих повеќе не е тренер на Баер Леверкузен. Тој е разрешен, иако „фармацевтите“ играат одлично и победуваат. Баер вчера славеше со 3:1 против Херта и стигна до четвртата победа во последните пет средби, но тоа не значеше спас за Хајко.

Според пишувањата на „Билд“, Херлих е сменет поради „тактички недостатоци, проблеми со дел од играчите, како и запоставување на младинската школа на клубот и недоволно искористување на талентите“.

Како играч, Херлих беше играч на Баер Леверкузен во периодот од 1989 до 1993 година. Како тренер беше селектор на германската репреентација до 17 години, па потоа и на таа до 19 години, а ги има водено и кадетите на Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.

На местото на Хајко, на клупата на Баер Леверкузен застана Питер Бош.

 

- Оглас -

Најнови вести