Македонската репрезентација славеше против Романија со 24:23, но речиси е сигурно дека тоа нема да биде доволно за нашата репрезентација да се пласира во следната фаза од Европското првенство.
Македонија сега има три бода, колку што има и второпласираната Португалија, но нашата селекција е на третото место поради многу полошата гол-разлика. Во последниот меч од оваа група, Данска ќе игра со Португалија, а ние треба да навиваме Данска да направи чудо и да слави со неверојатни 18 гола разлика.
Данска најголемата победа во историјата на Европските првенства ја забележа пред два дена против Романија, кога ја победи со 15 разлика (39:24). Португалија е многу поквалитетна селкција од Романија, па затоа не е за верување дека може да си дозволат пораз со 18 разлика, без разлика што ривал им е актуелниот светски првак и домаќин на ЕП, Данска.

