9.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Победничката серија на Црвена ѕведа во Евролигата заврши во Дубаи

Дубаи ја совлада Црвена ѕвезда со 102-86 во првиот денешен меч од кошаркарската Евролига.

Со ова екипата на Дубаи потврди дека е незгоден ривал за белградските тимови (има 3-0 против Партизан и Ѕвезда), а за Црвено-белите, кои имаат доста повредени играчи, заврши серијата од седум победи по ред во Евролигата.

Сега Ѕвезда е на 7-3 по десет кола, додека Дубаи има 4-6.

Евролигашко деби во дресот на тимот од ОАЕ имаше Алекса Аврамовиќ кој уфрли 17 поени, а прв стрелец беше центарот Кенан Камењаш со 20 поени и имаше едно фантастично забивање преку човек кое може да биде потег на колото.

 

- Оглас -

Најнови вести