Победникот се знае однапред, супер е квотата за Леклер да биде меѓу првите тројца (Фото)

Формула 1 трката во Абу Даби на патеката „Јас Марина“ е последна од 22-те за годинава, а Макс Ферстапен ќе се обиде да дојде до неверојатната бројка од 19 победи во една сезона.

Ферстапен со неговиот Ред Бул е предоминантен годинава, денеска ќе тргне од пол-позиција, и голем фаворит е за победа со што би ја крунисал историски најуспешната година за еден пилот.

Ландо Норис и Шарл Леклер треба да бидат некаква закана за шампионот, но јасно е дека само некаков проблем со болидот може да го спречи Ферстапен во намерата да триумфира.

Во Sport Life има огромен број на игри, се нудат над 130 опции за денешната трка. Освен за победник, може да се обложите и на тоа кој ќе има најбрз круг, од кој тим ќе биде победникот и возачот со најбрз круг, кој прв ќе се откаже, кој прв ќе влезе во пит-стоп на менување гуми, а тука се и дуелите.

Тука е и опцијата да типувате дали некој ќе се најде на подиумот. Тука има одлична квота од 2.25 дека Леклер ќе заврши меѓу првите тројца, а пилотот на Ферари ќе стартува од втората позиција, од првиот ред веднаш до Ферстапен, но според квотите, не е фаворит за пласман на второ место.

- Оглас -

Најнови вести