Почесната гарда за Меси во ПСЖ без аплаузи од отсутниот Мбапе (Видео+Фото)

Лионел Меси пристигна во Париз по освојувањето на светската круна со Аргентина и беше дочекан од соиграчите во Пари Сен Жермен со голем респект.

Му приредија почесна гарда и го дочекаа со аплаузи, а интересно, во шпалирот, односно на собирот, по кој имаше и тренинг, не беше неговиот главен ривал во финалето на Мундијалот, Килијан Мбапе.

Lionel Messi given a guard of honour by his PSG team-mates from soccer

Килијан е во Соединетите Американски Држави заедно со Ашраф Хакими, каде што беа забележани на НБА-меч меѓу Бруклин нетс и Сан Антонио спарс.

Денеска присутен беше и Нејмар, кој беше исклучен на претходниот меч на ПСЖ против Ленс и нема право на настап против Шатору задутре во меч од францускиот куп.

Се шпекулираше дека Нејмар е заминат за Бразил на роденденот на неговата сестра, но тој се појави на свеченоста во чест на Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести