Почина Ивица Осим, последниот селектор на некогашна СФР Југославија

На 81-годишна возраст почина Ивица Осим, една од најзначајните фудбалски фигури во поранешна Југославија и последен селектор на репрезентација на екс СФРЈ. Осим ја водеше Југославија на Мундијалот во Италија во 1990 година.

Смртта го затекна во австрискиот град Грац. Тој е играчка легенда на сараевски Железничар, а со Југославија освои сребро на ЕП 1968. Селектор на Југославија беше од 1986 до 1992 година. Последна работа му беше селектор на Јапонија во 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести