Почина легендарен англиски навивач – причина Коронавирусот

Еден од најпознатите и најверни фудбалски навивачи во Англија, 38-годишниот Себ Луис, почина од последици на Коронавирусот. Луис беше најголем навивач на клубот Чарлтон. Тој немаше пропуштено ниту еден меч на Чарлтон уште од февруари 1998 година. Имаше серија од 1.076 натпревари по ред (и кога клубот играл дома и на гости) кои ги гледал во живо.

Од клубот се огласија и рекоа дека Себ бил срце и душа на нивниот клуб и сите се скршени од болка што си заминал нивниот најверен и најпопуларен фан.

По смртта на навивачот на Чарлтон, по социјалните мрежи се шири порака за останување дома и се бара јавноста да се придржува кон мерките против ширење на вирусот бидејќи се докажа дека и млад човек може да почине од компликациите кои ги прави овој вирус.

- Оглас -

Најнови вести