Почина легендарниот Швајцарец

Јакоб Кун, кој од селекторското столче ја предводеше репрезентацијата на Швајцарија на три големи натпреварувања во периодот од 2004 до 2008 година, почина на 76-годишна возраст. Кун почина во Цирих, каде што ја помина речиси целата своја кариера.

Како фудбалер на Цирих освои шест титули во домашното првенство, а беше и капитен на тимот кој во 1977 година загуби во финалето на Купот на европските шампиони од Ливерпул. Беше и репрезентативец на Швајцарија, а настапи и на Мундијалот во 1966 година во Англија.

Како селектор, Швајцарија со него играше на ЕП 2004 и ЕП 2008, а беше дел и од Мундијалот во 2006 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести