Почина мајка му на Клоп, тој не смее да оди на погреб, барем се прости со емотивни зборови

На менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му се случи трагедија со семејството, почина неговата мајка, а болката да биде поголема поради рестрикциите и забраната за луѓе од Велика Британија да патуваат во Германија, тој не смее да влезе во родната земја и да присуствува на погребот.

Елизабет Клоп почина денеска на 81-годишна возраст.

„Сега таа е на подобро место. Таа беше вистинска мајка во најдобра смисла на зборот”, рече 53-годишниот Клоп, кој последен пат ја посетил мајка му за 80-тиот роденден.

„Фактот што не можам да присуствувам на погребот е грозен, времињата во кои живееме се ужасни, но верувам дека кога ќе имаме можност, ќе направиме убава комеморација, додаде Клоп, кој има две постари сестри.

- Оглас -

Најнови вести