Почина најстариот навивач на Црвена ѕвезда и актерска легенда

Познатиот српски актер Власта Велисављевиќ, ја загуби битката со коронавирусот, и почина на 95-годишна возраст. Власта беше голем навивач на белградска Црвена ѕвезда, а го нарекуваа и најстар фан на Ѕвезда, бидејќи неговото срце чукаше за црвено-белите бои уште од формирањето на клубот кога тој беше 19-годишен, и беше единствен навивач над 90 години со сезонски билет.

Власта особено ја сакаше кошарката, беше редовен посетител на мечевите во салата „Пионир“, а во една интервју изјави и дека јадел ќотек поради љубовта кон Ѕвезда.

Пред две години, тој имаше чест да им додели медали на кошаркарите на Ѕвезда за титулата во Суперлигата на Србија.

Актерот најчесто ја бодреше Ѕвезда во сала, поретко одеше на стадионот кој сега се вика „Рајко Митиќ“, но и тоа место му е во срцето. Влаисављевиќ учестввал во изградбата на популарната „Маракана“. Како актер, одигра над 350 улоги во богатата кариера.

- Оглас -

Најнови вести