Почина некогашниот репрезентативец на Словачка

Тажни вести пристигнаа од Словачка. Некогашниот фудбалски репрезентативец Маријан Чишовски почина само на 40-годишна возраст. Фудбалерот во последните шест години боледуваше од амиотрофична латерална склероза и на крајот не успеа да ја добие најважната битка.

Чишовски настапуваше за Интер од Братислава, Жилина, Артмедија, Политехна во Романија и Викторија П’лзењ, каде што и ја заврши кариерата во 2014 година. Тој беше централен дефанзивец, а во кариерата имаше и 15 настапи за репрезентацијата на Словачка.

- Оглас -

Најнови вести