Почина познат бивш хокеар, беше момче на една од најдобрите тенисерки на светот

Веста за ненадејната смрт на белорускиот хокеар Константин Колцов ја потресе спортската јавност, а најголем шок претрпе неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка, која е втора на ВТА-листата и мораше да го откаже настапот на Мастерсот во Мајами.

Колцов за еден месец требаше да наполни 43 години. Тој и Сабаленка беа во врска од 2021 година. Колцов почина во Мајами, каде што дојде да ја бодри својата сакана која беше 17 години помлада од него.

Тој во НХЛ-лигата има играно заедно со легендите Марио Лемју и Сидни Кросби во дресот на Питсбург пингвинс. Со репрезентацијата настапи на две Зимски олимписки игри.

- Оглас -

Најнови вести