39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Почина словенечката легенда Данило Попивода

На 74-годишна возраст почина Данило Попивода, словенечката фудбалска легенда и некогашен репрезентативец на поранешна Југославија.

Тој почина во својот дом во Херцег Нови, Црна Гора, а ќе се памети како еден од првите словенечки фудбалери кои настапиле на Мундијал.

Најголемиот дел од својата играчка кариера го помина во Олимпија, запишувајќи над 220 настапи откако првпат сениорски фудбал почуствувал во 1965 година. Одигра 20 натпревари за југословенската репрезентација, додека тренерската кариера му помина како асистент во репрезентацијата на Словенија.

- Оглас -

Најнови вести