Почна НБА плејофот, тимовите почнаа да играат одбрана

Кливленд кавалирс го победи Орландо меџик со 97-83, за водство од 1-0 во нивната плејоф серија од НБА лигата. Ова беше прв меч во НБА плејофот 2024.

Донован Мичел со 30 поени беше предводник на нападот на Кавалирс и најефикасен поединец на средбата (Паоло Банкеро од Орландо даде 24 поени), но одбраната на Коњаниците беше клучот на победата.

Во НБА во последните сезони зголемена е ефикасноста, речиси редовно се постигнуваат многу поени, некои дуели личат на ол-стар, но кога ќе дојде плејофот, сфаќаат дека одбраната е таа која носи победи, па двата тима вечерва го запреа противникот на двоцифрен број поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести