Кошаркарската федерација на Македонија информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“ за мечот Македонија – Луксембург, кој е дел од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.
Цената на билетите е 150 денари и 200 денари. Поефтините се за трибините зад кошевите во салата „Градски парк“, а 200 денари е билетот за централната трибина во комплетно реновираниот спортски објект во Скопје кој денеска беше пуштен во употреба.
Натпреварот се игра на 27-ми февруари (петок) од 18 часот.
ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ: МАКЕДОНИЈА-ЛУКСЕМБУРГ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

