Почна „сезоната на повреди“ за Бејл

Герет Бејл откако е дојден во Реал Мадрид во 2013 година, секогаш се повредува во рана есен. Речиси секоја сезона тој добива повреда уште во септември, освен во 2014, кога издржа да не се повреди „дури“ до октомври.

Синоќа Бејл беше заменет на полувреме поради повреда, која е негова 20-та повреда откако настапува за најтрофејниот европски клуб. Бејл имал болки во десната препона.

Сезонава Бејл треба да биде лидер на Реал по заминувањето на Кристијано Роналдо, врз него има поголем товар и притисок, но продолжува да важи како „стаклен“ играч, на кој тимот не може да се потпре на долги патеки. Тој игра добро, дава голови, асистира, но повторно е запрен во кобниот септември.

Реал има проблем со реализацијата и евентуално подолго отсуство на Бејл ќе биде сериозен хендикеп, бидејќи во аут се и Иско и Марсело. Иако Бејл играше добро, Реал против Атлетико многу поубава игра прикажа без него, па Бејл поради повредите може и да го загуби загарантираното место како стартер.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести