Почна сезоната со гол на сезоната во Швајцарија (Видео)

Рони Роделан е стрелец на брилијантен гол речиси од половина терен, како одлична најава на новата сезона во Швајцарија.

Францускиот интернационалец во Сервет без размислување упати удар кон голот на Сент Гален од огромна далечина и од крилна позиција, откако забележа дека голманот Зиги е далеку од својот гол и успеа да погоди.

Servette FC 1-0 FC St. Gallen – Ronny Rodelin 5′ (Great Goal) (Better Quality) from soccer

Мечот од првото коло во елитната швајцарска лига заврши со победа на Сервет од 1:0, токму со прекрасниот погодок на Роделан во петтата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести