Енди Мареј одигра еден од најдобрите тениски мечеви во кариерата и во епска драма од 5 часа и во пет сета го победи 13-тиот носител на Отвореното првенство на Австралија, Матео Беретини.
Шкотот кој има три гренслем-титули веќе е ветеран со 35 години и чудо е како издржа меч што траеше цели 5 часа.
Поведе со 2:0 во сетови, на двапати со 6:3 и најави брза победа во три сета, но Беретини е квалитетен тенисер и возврати со 6:4 и 7:6 за израмнување на 2:2.
https://twitter.com/eurosport/status/1615243702305447938?s=20&t=_JCK8I08mfG3jZszFm046A
Драмата продолжи и во последниот сет и повторно се играше во тај-брејк.
Мареј, кој е еден од најбаксузните тенисери во Мелбурн, каде што играше пет финалиња, а нема титула на Ози опен, почна агресивно и поведе со 5:0, што беше недостижна предност во фантастичен меч од првото коло.
https://twitter.com/eurosport/status/1615251469791289345?s=20&t=_JCK8I08mfG3jZszFm046A
Продолжениот сет во тај-брејк шкотскиот тенисер го доби со 10:6 и во второто коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Кокинакис и Фоњини.