Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, има повреда на мускулот во бутот на десната нога, па нема да може да игра вечерва против Валенсија, ниту в недела на гостувањето кај Реал Сосиедад. Иско беше на листата на кандидати за настап против Валенсија, но сепак е аут.
Најлошата варијанта е неговата повреда да го оддалечи од теренот 20 дена, што значи дека Реал не би сметал на него на следните шест меча. Иско не влезе во игра во минатото коло протв Еибар, но се очекуваше да добие минути вечерва.
Проблеми почнаа да се појавуваат и во Барселона. На утрешното гостување кај Севилја, во средниот ред на каталонскиот тим ќе го нема Френки де Јонг, а нема да игра ни сестраниот Серџи Роберто. Шпанецот има повреда на ребрата и ќе одмара најмногу 15 дена, додека Холанѓанецот има мала повреда на листот на ногата, па ќе биде поштеден.
Во тимот на Барселона ќе го нема ниту суспендираниот Умтити, но се враќа Алба, кој не играше против Леганес.