Нема веќе шега на ракометниот Мундијал, почнува разврската во битката за медали, а на сцената се враќаат познатите асови, кои досега не играа.
Шпанскиот селектор го повика легендарниот голман Апад Штербик како замена за повредениот Родриго Коралес, а на местото на Дани Дуешбаев денеска против Франција ќе игра Лосу Гони.
Тоа се две значајни измени, кои ќе треба да донесат пресврт во играта на Шпанците, за кои мечот со Франција може да биде клучен, бидејќи стартуваат во новата фаза по групи со два од четирите можни бодови и со пораз од Хрватска.
Кај Французите се враќа уште една легенда на светскиот ракомет, Никола Карабатиќ, а неговиот кам-бек за втората фаза беше планиран. Сега актуелните светски прваци ќе имаат страшна бековска линија, а Дидие Динар ќе има голем избор на надворешните позиции, веријатно и најдобар на планетата.
Мечот на големите ривали ќе се игра денеска од 18 часот во „Ланксес“ арената во Келн.