Почнува новото коло на Спортска прогноза, а во фокусот се неколку дербија

Новото, 16-то коло од Спортска прогноза и официјално започнува од денеска.

Паровите се спремни, а играчите за домашна задача ќе имаат добро да размислат што да одиграат и да ги погодат 13 натпревари, со што ќе го освојат прекрасниот „ајфон 12“.

Првиот натпревар од оваа рунда е од сабота, од 15:30 часот, кога силите ќе ги одмерат Мајнц и Волфсбург, но подоцна следува најинтересното.

Нè очекуваат три дерби-дуели во период од само неколку часа.

Од 18:00 играат Рома и Интер, а само 30 минути подоцна се среќаваат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во германскиот „класикер“.

Саботната дерби-програма ја затвораат Аталанта и Наполи во меч кој стартува од 20:45 часот.

Во недела, пак, нема некое позабележително дерби, но нема воопшто да биде лесно да се погодат натпревари од типот на: Болоња – Фиорентина, Астон вила – Лестер и Селта Виго – Валенсија.

Колото се затвора со средбата меѓу Калјари и Торино, која е закажана за во понеделник од 20:45 часот.

Освен добра тактика за да се погодат сите 13 натпревари во 15-тото коло, ви треба уште само СЛ картичка од Sport Life; која, како и играта, е бесплатна.

Лесно можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life и да играте за вредни награди што се доделуваат во секое коло и на крајот на сезоната и за најдобрите пет прогнозери во четвртиот циклус на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести