Фудбалската федерација на Македонија ги објави цените на билетите за мега-дуелот со Германија на 11. октомври и тие чинат од 100 до 500 денари.
Продажбата почнува веќе од утре преку продажната мрежа на „Мк.Тикетс“. Стартот е со електронска продажба на билети, а на билетарницата пред националната арена „Тодор Проески“ ќе има продажба на одреден контингент на влезници од 9. до 11. октомври.
Најевтини се билетите за Западната трибина и чинат по 100 денари, а по 300 денари се за дел од блоковите на Јуѓната и на Сееврната трибина.
Најскапи се билетите за цебтралните делови на овие две трибини и тие ќе чинат по 500 денари. За влез треба да се почитуваат стандардните протоколи за Ковид-19.
Капацитетот на нашиот најголем стадион е околу 33 илјади места, па согласно со одлуката за 50 посто продажба на влезници ќе бидат пуштени во продажба околу 16 илјади билети.
Македонија ќе игра два меча во октомври, а првиот е против Лихенштајн на осми во Вадуз и потоа за првпат во историјата ќе играме на домашен терен против четирикратниот светски шампион Германија.
Мечот е на распоред на 11. октомври во Скопје од 20.45 часот. Македонија приреди сензација во март во Дуисбург и победи со 2:1 против големиот фаворит во Ј групата за настап на Мундијалот во Катар.
Моментно по шест кола, или на четири рунси до крајот на квалификациите Македонија е на четвртото место со 9 бода, зад Германија со 15, Ерменија со 11 и Романија со 10 бода.
Покрај дуелите со Лихтеншатјн и Германија во октомври за Македонија остануваат и двата меча во номеври. На 11. ноември ќе и гостуваме на Ерменија, а три дена подоцна ги завршуваме квалификациите со меч на домашен терен со Исланд.
На Светското првенство во Катар сигурно ќе игра само првопласираната репрезентација во групата, а второпласираната ќе мора да одигра два круга бараж натпревари за да се избори за пласман на Мундијалот во 2022 година.