Државната лотарија на Македонија подготвува спектакл на 8 јануари, во сабота, кога по електронски пат ќе биде извлечен првиот добитник на прекрасниот автомобил BMW X1 во наградната игра со недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР.
Во игра се сите што имаат недобитни лозови од првото до десеттото коло, а извлекувањето на првото BMW X1 ќе биде во рамките на второто коло на Лото 7.
Во бонус играта „ГРЕБИ ЗА ЕКОСКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1“ влегуваат две возила, и тоа со две извлекувања, на 8 јануари и на 19 март 2022 година.
„Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови ЕКО СКУТЕР. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите или да подарите една од 365-те премии – електричен тротинет.
Не треба да се заборави дека инстант лозот ЕКО СКУТЕР е и најхуман, бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општественоодговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со ковид-19.
Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благодат. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања.
Посебно сме среќни што нашата веб-страница ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања“, велат од Државна лотарија на Македонија.