Погба може да игра фудбал и додека е суспендиран, и тоа во – Русија!

Поранешниот француски репрезентативец, Пол Погба, заработи суспензија од четири години, откако падна на допинг-тестот. За фудбалерот на Јувентус тоа веројатно значи и крај на професионалната кариера, но така не мислат русите, кои се под суспензија на ФИФА и УЕФА.

Екипата „Брук бојс“ која настапува во лигата на славните личност во Русија веќе испратила понуда до менаџерската екипа на французинот да се приклучи на тимот и барем на аматерско ниво да настапува во Русија.

Сепак, за Погба проблем може да биде финансискиот дел, бидејќи русите му нудат само 1.500 евра месечно, плус бонуси.

- Оглас -

Најнови вести