Погба по една година се врати во првата постава на Јувентус, но повторно се повреди

Јувентус го совлада Кремонезе со 2-0 и дојде на чекор од обезбедување пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Овој натпревар беше посебен бидејќи Пол Погба по повеќе од една година се врати во стартната постава на Јувентус, но и тоа траеше кратко.

Тој ја обнови повредата на коленото поради која го пропушти речиси целиот есенски дел од сезоната, а не настапи ниту на Светското првенство во Катар. Погба оваа сезона за Јувентус има одиграно помалку од 200 минути и сè погласни се шпекулациите дека поради повредата налето ќе си замине од Старата дама иако има договор на уште три сезони.

- Оглас -

Најнови вести