Погба позитивен на ковид-19, тинејџерот од Рен ќе игра на негово место

Светскиот шампион Франција без една од своите ѕвезди, Пол Погба, ќе ги почне обврските во Лигата на нациите. Погба е недостапен за септемврискиот циклус, поточно за средбите против Шведска и Хрватска, откако неговиот тест се покажал позитивен за ковид-19.

Погба очигледно е меѓу 14-те забележани случаи во Премиер лигата кои се потврдија утрово, од кои четири се во Челзи.

Местото на Погба во репрезентацијата му припадна на Едуардо Камавинга, 17-годишниот тинејџер и голем талент на Рен. Заедно со него, селекторот Дешамп за првпат ги повика младите Дајо Упамекано од Лајпциг и Хусем Оуар од Олимпик Лион. По подолг период и Ентони Марсијал се најде на списокот кај Дешамп.

- Оглас -

Најнови вести