Погба сепак не утна: Ми беше чудно да заминам во гостинската соблекувална

Ми беше чудно што заминав во гостинската соблекувална. Толку се навикнав на таа на Јувентус. Им благодарам на навивачите на Јуве за аплаузите, но јас играв максимално посветено за да победиме во Торино, изјави Пол Погба по победата на Манчестер јунајтед.

Интересен е неговиот пат, бидејќи како млад играч на Манчестер јунајтед не ја доби довербата на легендарниот Сер Алекс Фергусон, па замина речиси бесплатно во Јувентус, каде што играше фантастично.

Фергусон веројатно направи една од најголемите грешки во успешната и долговечна кариера на кормилото на „црвените ѓаволи“, а тоа го чинеше Јунајтед околу 100 милиони евра отштета, што ги уплатија во касата на Јувентус за да го вратат Погба назад на „Олд Трафорд“.

Тој вчера се врати на „Алијанц стадионот“ во Торино, но го носеше дресот на гостите од Англија и доби громогласни аплаузи. Иако му беше чудно, сепак не утна да влезе во домашната соблекувална, а си замина во победничко расположение, овојпат како гостин и како фудбалер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести