Португалија ја победи Швајцарија со 3:1 во полуфиналето од Лигата на нациите. Кристијано Роналдо даде хет-трик и е најзаслужен за триумфот, но сепак главен момент на мечот беше ситуацијата по која Швајцарија даде гол за 1:1.
Судијата Феликс Брих досуди пенал за Швајцарија, но пред тоа, имаше дветминутна драма на теренот. Арбитерот најпрво покажа дека нема пенал за Швајцарија, играта продолжи, а за неполни 30 секунди Португалија беше во ситуација да даде гол, кога беше фаулиран Бернардо Силва.
Тогаш судијата Брих досуди пенал за Португалија, но Швајцарците се бунеа. Побараа да се види ВАР-снимка за претходната ситуација, кога бараа пенал за стартот врз Шаќири. Арбитерот со помош на ВАР-системот одлучи дека имало пенал за Швајцарија, па акцијата која следуваше во продолжение едноставно не важи, па затоа, наместо удар од белата точка за Португалија, Швајцарија доби шанса за гол од 11 метри, која ја искористи Родригез.
Погледнете ја целата таа ситуација.