Роналдо со хет-трик ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нациите (Видео)

Португалија ќе игра во финалето од Лигата на нациите откако вечерва со 3:1 ја победи Швајцарија на „Драгао“ во Порто. Кристијано Роналдо покажа што значи да си вистински капитен на репрезентацијата. Тој ги постигна сите три гола, за голема радост на домашните фанови. Во финалето, Португалија ќе го чека подобриот од утрешниот меч меѓу Англија и Холандија.

Серијата погодоци Роналдо ја отвори во 25-тата минута, кога постигна прекрасен погодок од слободен удар. Тоа беше и резултатот по првиот дел.

Во второто полувреме беше многу поинтересно. Швајцарија израмни на досега невиден начин. Судијата Феликс брих досуди пенал за Португалија, Швајцарците се бунеа и бараа да има ВАР-преглед на ситуација која се случи 30-тина секунди претходно, кога беше фаулиран Шаќири. Арбитерот го поништи пеналот на Португалија и досуди удар од белата точка за Швајцарија, кога Родригез израмни на 1:1.

Да нема продолженија и дополнителна драма на овој меч се погрижи Роналдо. Со одлична реакција во 88-мата минута погоди за 2:1, а само две минути подоцна погоди уште еднаш, за да комплетира хет-трик. Роналдо сега има 88 гола за Португалија.

https://twitter.com/donsports3/status/1136370243541098501

- Оглас -

Најнови вести