Погледнете зошто сите во Јужна Америка зборуваат за ветеранот Фред (Видео)

Крузеиро го совлада Уракан со 4-0 во меч од Копа Либертадорес, кој ќе остане запаметен по трите гола на некогашниот бразилски репрезентативец Фред, и тоа во рок од само 13 минути, од 19-тата до 32-рата.

Фред е само четвртиот играч во историјата на Копа Либертадорес кој во првите 32 минути од еден натпревар постигнал три голови. Подобри од него се само Алберто Спенсер од 1963 година, Фернандо Бајано од 1999, Начо Скоко во 2017 година.

Првите два гола на 35-годишниот напаѓач кој во Европа настапуваше за Лион беа 226 секунди еден по друг. Погледнете ги сите голови:

https://www.youtube.com/watch?v=Xy6cBKhgA50

- Оглас -

Најнови вести