Данците донесоа среќа и големи добивки во Скопје и Гостивар

Еден тикет уплатен во објектот на Sport Life „Соборна“ во центарот на Скопје покажа дека има познавачи на состојбите во лиги во северниот дел на Европа, поточно во Данска, и тоа може многукратно да се исплати.

Прогнозерот уплатил 100 денари на тикет на кој има само четири парови, но квотите кои ги играл се големи, од 4.60 до 6.20 бидејќи типувал дека двата тима ќе дадат гол и дека ќе има барем три гола во првите полувремиња. И тикетот е добитен, добивката е одлични 94.230 денари.

Навистина ГГ и 3+ излегоа типуваните мечеви Холбек – Брабранд од втората данска дивизија (средбата заврши 3-1, на полувреме 2-1), Силкеборг – Хелсингборг од првата данска лига (заврши 3-3, на полувреме 2-1), ВСК Архус – Б93 (2-1 на полувреме, 3-1 на крај) и СфБ Оуре ФА – Фрем 1886 (конечни 3-5, на пауза 1-2).

Холбек даде гол во 45-тата минута за 2-1, Силкеборг за 2-1 во 44-тата и ова потврдува дека освен знаење и претчувство, за добивка е потребна и доза на среќа.

ГОСТИВАРЕЦ ТРЕБА ДА МУ ЗАБЛАГОДАРИ НА БРОНДБИ ЗА ДОБИВКАТА ОД РЕЧИСИ 200.000 ДЕНАРИ 

Играта дека во двете полувремиња ќе паднат по 1 до 2 гола е омилена на еден гостиварец кој во објектот на Sport Life „Гостивар 9“ уплатил 200 денари на тикет на кој има седум меча на кои е типувано 1 до 2 гола во прво и 1 до 2 гола во второ полувреме. За негова среќа, на сите седум дуели кои ги прогнозираше, го погоди исходот, па тикетот му носи добивка од 196.926 денари.

Овој прогнозер играше на вчерашни мечеви, и тоа Зулте Варегем – Мехелен (полувреме 0-1, крај 1-2), РКЦ Валвијк – Херенвен (0-1, 1-1), Бершот Валрајк – Андерлехт (1-0, 2-1), Австрија Виена – Сент Пелтен (0-1, 1-1), Сент Гален – Лозана (0-2, 2-2), Вејле – Брондби (0-1, 0-2) и ПАОК – Јанина (0-1, 2-1).

На овој тикет, најкритичен бил мечот Вејле – Брондби. Беше потребен барем еден гол во првото полувреме, а гостите поведоа со 1-0 дури во четвртата минута од судиското продолжение. На другите мечеви играчот стравуваше да не паднат повеќе од два гола во вторите полувремиња на некои мечеви, но среќата му се насмевна.

ПЕТОКОТ БЕШЕ СРЕЌЕН ЗА ОХРИЃАНЕЦ, НАСЕТИ ДЕКА ПСЖ НЕМА ДА ГО ПОБЕДИ МОНАКО, ФАТИ УШТЕ ТРИ ИЗНЕНАДУВАЊА

Во објектот „Охрид 2“, еден играч доби 139.857 денари со уплата од 500 денари. И неговиот тикет уплатен во петокот е мајсторски бидејќи типувал на седум меча во разни комбинации на игри. Меѓу овие седум меча се наоѓа и тип дека на мечот Монако – ПСЖ домашните нема да загубат и дека ќе паднат барем два гола. Шансите на прогнозерот не беа добри по првото полувреме, кога гостите водеа со 2-0, но Кнезовите направија голем пресврт.

Типувано е дека на Либерец – Јаблонец (1-3) ќе има барем три гола, на Рен – Бордо (0-1) гостите нема да загубат и притоа ќе паднат не повеќе од три гола, голема е квотата на двознакот Х2 на Еспањол – Жирона, а гостите победија со 1-0. Охриѓанецот се надевал дека Осасуна нема да даде уште еден гол против Уеска за да заокружи дека гостите ќе останат непоразени покрај веќе погодениот тип за 2+ голови.

Без проблеми погоди и двознаци со големи квоти над 2 кај паровите Данфермлајн – Хартс (2-1) и Фрозиноне – Козенца (0-2). Таму тимовите за кои прогнозираше дека нема да загубат, победија.

 

- Оглас -

Најнови вести